Компанијата GSM Association го објави својот извештај Mobile Internet Connectivity Report за 2023 година, во кој наведува дека 55% од светската популација, односно околу 4,3 милијарди луѓе денес користат мобилен телефон.

Порастот на користењето мобилен телефон не е изненадување, но околу 3,4 милијарди луѓе и понатаму немаат пристап до интернет. GSMA тврди дека глобалниот процент на луѓе кои живеат во предели со мобилна мрежа, а не ја користат, е 38%. Конекцискиот јаз е впечатлив во Супсахарска Африка и во Јужна Азија со 59% и 52% од популацијата која не е поврзана на интернет.

Извештајот на GSMA открива диспаритет меѓу регионите и нивниот пристап до мобилен интернет. Околу 69% од корисниците на смартфони живеат во Северна Америка, Истолчна Азија и Пацифичкиот регион и користат 4G уреди, додека најголем дел од корисниците во Суспсахарска Африка и понатаму користат 3G конекција, слично како на Блискиот Исток и Северна Африка, каде што секој трет мобилен телефон и понатаму користи 3G интернет.

Прикажи повеќе