Руте благо се спротивстави на најновите критики на Трамп кон НАТО, велејќи: „Знам дека имаше поединечни случаи од кои сте навистина разочарани, но генерално гледано, вашите европски сојузници беа со вас.“
За време на посетата на Вашингтон во средата, генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп, упатувајќи му топли зборови, но и благо спротивставувајќи се на неговите најнови критики кон Алијансата, пренесува „Евроњуз“.
Трамп ги повтори своите забелешки кон НАТО поради тоа што Алијансата не ја поддржала американско-израелската војна против Иран, велејќи дека се чувствувал „изневерен“.
Соединетите Американски Држави и Израел заеднички го нападнаа Иран на 28 февруари. Трамп не се консултираше со НАТО пред нападот, а клучни европски сојузници изразија сомнеж дека војната била неопходна.
Трамп ги повика сојузниците „едноставно да бидат лојални“, додавајќи: „Не ни требаат нивните пари – не ни треба ништо. Имаме убедливо најмоќна војска во светот. Но, јас само сакам лојалност.“
Руте му возврати, велејќи: „Знам дека имаше поединечни случаи од кои сте навистина разочарани, но генерално гледано, вашите европски сојузници беа со вас.“
Тој исто така посочи дека меѓу 4.000 и 5.000 американски авиони полетале од бази во Европа пред Иран и САД да постигнат договор за прекин на огнот.
Изјавите на Руте веднаш предизвикаа осуда од Техеран, кој го обвини НАТО за „соучесништво“ во американско-израелската војна против Иран.
Во интервју за „Фокс њуз“, по средбата со Трамп, Руте изјави: „Земја по земја, сојузник по сојузник, ги ставија своите бази на располагање за операцијата.
Текстот Трамп незадоволен од НАТО, Руте му одговори: Генерално, европските сојузници беа со вас е превземен од МАКФАКС.













