Украинските одбранбени сили започнаа напад врз воздухопловната база Саваслејка во рускиот регион Нижни Новгород.
Нападите се случија на 24 ноември и ноќта на 25 ноември, а целта беше една од клучните руски воени бази од кои полетуваат авиони вооружени со тешко пресретливи аеробалистички ракети Кинжал, пишува P avda.com.ua.
Според првичните информации од Генералштабот на вооружените сили на Украина, погодени се три руски авиони МиГ-31, чија точна варијанта не е прецизирана, и два авиони Су-34.
„Обемот на штетата и бројот на погодени авиони сè уште се утврдуваат. Можно е да пристигнат уште подобри вести“, објави Генералштабот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
















