Screenshot

Денеска под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и Министерството за внатрешни работи спроведуваат координирана акција на повеќе локации во Скопје.

Акцијата е резултат на повеќегодишна предистражна постапка за ФФМ спроведена од истражителите на Истражниот центар при ОЈО ГОКК и УФП.

Повеќе информации за предметот ќе бидат соопштени во текот на денот по завршување на дејствијата што се преземаат, најави Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Текстот Координирана акција поврзана со ФФМ на повеќе локации низ Скопје е превземен од МАКФАКС.