Новоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска, денеска, во Охридската сала на Собранието, даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.
Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Таа е дипломиран економист од Скопје и магистер по сметководство, финансии и ревизија.
Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно од местата во ДКСК. Оставката беше поднесена откако во постапка за проверка беше утврдено дека не била пријавена поврзаност на една од фирмите на нејзините синови со изборна кампања.
Текстот Катерина Зајковска даде свечена изјава како нова членка на Антикорупциска е превземен од МАКФАКС.
















