„Сите знаат зошто ЗНАМ влезе во тендер-коалицијата со организирана криминална група ВМРО. Тоа го знаат и граѓаните. Заради лични и бизнис интереси. Максим Димитриевски прво ја предаде сопствената партија, а потоа и своите гласачи. Откако партијата почна да се распаѓа, еден по еден почнаа да ја напуштаат и пратеници и советници“, велат од СДСМ.
„Остана само Максо да го „одработи“ авансот што го доби од Мицкоски. ЗНАМ не е политичка партија. ЗНАМ е сте сателит на ВМРО, здружение создадено и финансирано од страна на Христијан Мицкоски за да му обезбеди разбивање на единствената опозиција, да ги збуни гласачите и во последните две години да плука по опозицијата.
Ваша единствена програма е вашиот личен интерес и се вика „џеб“. Сега, кога партијата ви се распаѓа и граѓаните кои ви веруваа се измамени, останува само прашањето: Кога ќе се огласи Обвинителството по пријавата за тендерите во Пошта?“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Текстот СДСМ: Максо остана сам да го „одработи“ авансот од Мицкоски е превземен од МАКФАКС.
















