„Пискотниците на ДУИ за автопатот Скопје-Блаце имаат само една причина: Трасата не поминува таму каде што со години се правеле пресметки и се купувале земјишта со надеж за милионски профити од експропријација. За прв пат добиваат граѓаните, а не партиските интереси“, велат од Влен.
„Ова е вистинската причина за нивната врева. Обидот автопатот да служи за индивидуални интереси, а не за интерес на граѓаните, пропадна. Трасата се реализира според професионално решение и во корист на граѓаните, а не според плановите на оние што мислеа дека ќе се збогатат од овој пат.
Со години овој стратешки проект беше одложуван и држен како заложник на тесни интереси. Денес, кога конечно напредува, корисници нема да бидат привилегирани поединци, туку граѓаните, бизнисите, економијата и стратешкото поврзување со Косово.
ВЛЕН не е во Владата за да штити приватни интереси, туку за да реализира проекти кои со децении се користеле само за политичка пропаганда. Автопатот Скопје-Блаце е еден од проектите што ја покажува разликата меѓу оние што зборуваа за развој и оние што го реализираат во пракса.
Автопатот Скопје-Блаце е најдобар доказ за разликата меѓу два политички пристапи: 24 години празни ветувања и 24 месеци ангажман што го водат проектот кон завршување“, соопшти Влен.
Текстот Влен: Автопатот не поминува низ нивните земјишта, затоа вриштат! е превземен од МАКФАКС.

















