Едно лице се здобило со полесни изгореници во пожарот што денеска избувна меѓу селата Долани и Љуботен во Општина Штип, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). На повреденото лице му била укажана медицинска помош, а нема информации за други повредени.
Од страната кон селото Долани се изорани заштитни појаси со трактори, по што пожарот е ставен под контрола и е спречено неговото ширење кон населеното место.
Според ЦУК, пожарот во моментов се шири кон селото Љуботен, при што се зафатени сува трева, нискостеблеста вегетација и борова шума.
Во гаснењето учествуваат пожарникари од ТППЕ Штип, механизација од ЈП „Стипион“, трактори, полициски службеници и екипи на Итната медицинска помош.
Текстот Едно лице со полесни изгореници во пожарот меѓу Долани и Љуботен е превземен од МАКФАКС.
















