Уште само 6 дена остануваат до 1 јуни, рокот што самиот Христијан Мицкоски си го постави за целосно исполнување на Реформската агенда и клучните обврски за продолжување на европскиот пат, велат од СДСМ.
„6 дена до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски.
6 дена до уште една потврда дека ВМРО-ОКГ намерно ја држи државата заглавена, изолирана и далеку од Европа заради сопствени бизниси и криминални тендери.
Од 10 клучни точки од Реформската агенда, реализирани се само мал дел и тоа делумно“, истакнуваат од оваа партија.
Според нив, клучно за продолжување на европскиот пат се уставните измени и внесувањето на малцинствата во Уставот, обврска без која нема помрднување од мртва точка.
Без тоа, како што додаваат, нема отворање на следната фаза од преговорите, нема членство во ЕУ, нема ништо.
„Нема нови европски фондови. Нема повеќе инвестиции. Нема подобар животен стандард за граѓаните.
Мицкоски самиот тврдеше дека има апсолутно мнозинство. Самиот ја укина Техничката влада без консензус, со сила и без опозицијата.
Сега нека ги заврши реформите, нека ги исполни обврските до 1 јуни, како што ветуваше. Да не ја обвинува ЕУ дека сака да ни го загрози идентитетот туку нека ги внесе малцинствата во Уставот.
Или јавно нека признае дека не сака членство во ЕУ затоа што се плаши од европско обвинителство, независно правосудство и од одговорност“.
Текстот Уште само шест дена остануваат до уште една голема лага и неисполнето ветување на Мицкоски, велат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.






















