Снимките од денешниот студентски собир на белградскиот плоштад Славија укажуваат дека тоа ќе биде еден од најголемите вакви собири досега, објави организацијата Архиви на јавни собири на социјалната мрежа X. „Проценката за повеќе од 100 илјади луѓе е тешка и нема да ги објавиме податоците вечерва“, соопшти Архивата на јавни собири.

Оваа организација, исто така, ја предупреди јавноста за „очекуваната дезинформација и омаловажување на бројките од страна на полицијата и режимските медиуми“.

Студентското движење ги покани граѓаните на Србија на голем протестен митинг денес на белградскиот плоштад Славија како дел од кампањата „Студентите победуваат“, која бара одржување вонредни парламентарни избори и демократизација на земјата.

Собирот започна во 13 часот на четири локации во Белград, а протестот кај Славија е закажан од 18 до 20 часот, објавија студентите на Инстаграм.

 

 

Во исто време, поддржувачите на владејачката Српска напредна партија и шефот на државата Александар Вучиќ се подготвуваат и за митингот „Србија победува“ во таканаречениот „Ќациленд“, во Пионирскиот парк, до кој се наоѓа канцеларијата на претседателот на Републиката.

Во пресрет на големиот протест во Белград, кабинетот на Вучиќ објави дека тој ќе биде во официјална посета на Кина од 24 до 28 мај.

Текстот (Видео) Студентски собир во Белград: „Ова е еден од најголемите протести досега“ е превземен од МАКФАКС.