Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, информираат од Министерството за правда.
На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел изнаоѓање поширок консензус меѓу политичките партии и останатите учесници во процесот.
Работната група заклучи дека наредната седница ќе продолжи со разгледување на останатите отворени прашања, како и со анализирање на доставените предлози од парламентарните политичките партии , независните пратеници, надлежните институции и граѓанскиот сектор.
Упатен е повик до сите учесници, да ги достават своите конкретни предлози и забелешки во утврдениот рок, со цел навремена подготовка на усогласен текст на измените на Изборниот законик.
Работната група продолжува со работа во насока на унапредување на изборната регулатива и зајакнување на демократските изборни стандарди и наскоро ќе има законско решение.
Текстот Министерство за правда за Изборниот законик: Разгледани се сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР, најголем дел се прифатливи е превземен од МАКФАКС.























