Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната со Иран сè уште не е завршена, бидејќи земјата и натаму поседува збогатен ураниум кој „мора да се отстрани“, како и други воени капацитети кои треба да бидат неутрализирани.

„Мислам дека војната постигна многу, но не е завршена, бидејќи Иран сè уште има нуклеарен материјал, збогатен ураниум кој мора да се извезе од Иран“, рече Нетанјаху во интервју за емисијата „60 Минутии“ на телевизијата ЦБС.

Тој додаде дека Иран има и постројки за збогатување ураниум, балистички ракети и поддржува сојузници кои треба да бидат контролирани. Нетанјаху не прецизираше дали се мисли само на високoзбогатениот ураниум кој може да се користи за нуклеарно оружје или на сите залихи на збогатен ураниум во земјата.

На прашањето како би можел да се отстрани овој материјал, премиерот одговори: „Влегувате и го земате.“

Тој наговести дека отстранувањето на ураниумот би можело да се изведе и со договор со Техеран и без него, со поддршка од САД, но не сакаше да открива детали за воени планови или временски рокови.

„Не давам никакви временски рокови, но ова е исклучително важна мисија“, заклучи Нетанјаху.

Текстот Нетанјаху: Војната со Иран не е завршена, мора да се отстрани збогатениот ураниум е превземен од МАКФАКС.