Земјотрес со јачина од 5 степени го погоди западен Иран рано наутро во среда, соопшти Сеизмолошкиот центар на Универзитетот во Техеран. Засега нема извештаи за жртви или штети, објави агенцијата Анадолија.
Потресот се случил во 00:23 часот по локално време во близина на градот Гилан-е Гарб во покраината Керманшах. Земјотресот се случил на длабочина од девет километри, според сеизмолошкиот центар.
Иран во сеизмички активен регион
Иран се наоѓа во сеизмички активен регион и во последните години доживеал серија разорни земјотреси. Најкатастрофалниот во поновата историја на земјата се случил во 2013 година, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди градот Бам, при што загинаа најмалку 34.000 луѓе.
Во јули 2022 година, земјотрес со јачина од 6,1 степени ја погоди јужната покраина Хормозган на брегот на Персискиот Залив, при што загинаа најмалку пет лица, а беа повредени повеќе од 80.
Текстот Земјотрес со јачина од 5 степени во Иран е превземен од МАКФАКС.























