Поминаа 14 години откако Чарли Шин го напушти, односно беше отпуштен од снимањето на хит-ситкомот „Два и пол мажи“. Во тој период тој беше на врвот на славата, но истовремено водеше тешка битка со зависност, поради што неговиот култен лик беше отпишан од серијата.
Денес Шин е чист, а по учеството во неговиот документарец на Нетфликс, за односот со него проговори неговиот колега од серијата, Џон Крајер.
„Беше интересно“, рече актерот во емисијата „The View“.
„Имав измешани чувства околу тоа дали да бидам дел од тоа бидејќи, очигледно, тој е многу комплициран човек и имавме комплициран однос. Но, главно сфатив дека повеќе не сум лут на него; сè уште бев малку лут на Америка“, продолжи тој.
Шин и Крајер глумеа браќа во серијата „Два и пол мажи“ осум сезони, од 2003 до 2011 година.
Во времето кога беше отпуштен, Шин имаше низа јавни испади и влезе во конфликт со креаторот на серијата, Чак Лори. Меѓу другото, го обвини Крајер дека е „превртливец, предавник, трол“ затоа што не му се обратил за време на неговата борба со зависност.
Ештон Качер го замени Шин во последните сезони од серијата, која заврши во 2015 година.
Крајер сега вели дека сфатил оти јавноста уживала во периодот кога Шин „полудувал“.
„Го познавав како пријател, како колега, така што навистина беше болно да се гледа сето тоа, да се гледа таа лудост и да се гледа како многу луѓе уживаат во тоа“, изјави тој.
„Тоа е дел од причината зошто сакав да ја кажам и мојата страна од приказната“, додаде, осврнувајќи се на документарецот „Aka Charlie Sheen“.
Крајер рече дека во документарецот луѓето споделиле „многу вистинити, тешки работи за Чарли“.
„Си реков: ‘Добро, ако е време да бидеме искрени, тогаш да бидеме искрени’“, рече тој, додавајќи дека проектот покажал „многу за тоа кој е тој навистина“.
По документарецот, Шин му испратил порака:
„Ти благодарам што го направи тоа“, откри Крајер.
Актерот рече и дека би бил подготвен да го обнови односот со Шин.
„Да, би бил. Смешно е што одвреме-навреме излегува некоја статија дека се караме, а тоа едноставно не е вистина“, изјави тој.
Во документарецот Крајер откри и дека заработувал значително помалку од Шин додека глумеле во серијата.
Имено, Шин во последната година од серијата заработувал речиси два милиони долари по епизода, додека Крајер во истиот период добивал околу 550.000 долари по епизода.
Шин неодамна за „Пипл“ го пофали својот телевизиски брат што учествувал во документарецот, велејќи:
„Не сакам да ги вознемирувам луѓето. Но мислам дека Џон би бил отворен за повторна комуникација. Џон е прекрасен човек и многу талентиран.“
Текстот Братот на Чарли во „Два и пол мажи“ проговори за нивниот однос: „Веќе не се лутам, беше комплицирано“ е превземен од МАКФАКС.























