Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека „Иранците сакаат да разговараат во живо“ и дека американскиот претседател Доналд Трамп е подготвен да „ѝ даде шанса на дипломатијата“.

Таа додаде дека потпретседателот Џ.Д. Венс ќе остане на чекање во Вашингтон и дека ќе биде испратен во Пакистан „доколку утврдиме дека тоа е неопходно користење на неговото време“.

Белата куќа потврди за „Фокс њуз“ дека Иран побарал нови состаноци во живо. Потпретседателот Џ.Д. Венс ќе остане во САД на чекање за да интервенира по потреба, изјави Ливит.

„Сите се на чекање“, се вели во извештајот.

Специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, патуваат во Исламабад, изјавија американски претставници за „Ројтерс“. Џеј Д Венс, кој ја предводеше американската делегација во претходната рунда, овој пат не патува, објави CNN. Иранските државни медиуми претходно објавија дека министерот за надворешни работи Абас Арагчи, исто така, патува во Пакистан.

Арагчи, според иранските власти, ќе ги посети и Мускат и Москва за време на турнејата. „Целта на ова патување е да се одржат билатерални консултации, да се разговара за актуелните настани во регионот и најновата ситуација во врска со војната што ја водат САД и израелскиот режим против Иран“, објавуваат иранските медиуми.

 

фото/Depositphotos

Текстот Белата куќа: Иран сака разговори, Венс е на чекање во Вашингтон е превземен од МАКФАКС.