Двајца мотоциклисти се здобиле со тешки телесни повреди во две одделни сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје.

Првата несреќа била пријавена околу 14:30 часот на крстосницата од улиците „Благоја Стефковски“ и „102“, каде се судриле патничко возило „цитроен“, управувано од Ј.С. (63) од Скопје, и мопед управуван од А.Т. (40) од Скопје. Во несреќата со тешки повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Втората несреќа се случила околу 17:30 часот на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „Митрополит Теодосиј Гологанов“, каде се судриле патничко возило „пежо“, управувано од О.Р. (32) од Скопје, и мотоцикл управуван од Ј.В. (26) од Скопје. И во овој случај, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, потврдени во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Текстот Двајца мотоциклисти тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи во Скопје е превземен од МАКФАКС.