Лекот „Инвермектин” не бил достапен во аптеките

116
0

Докторот Ненад Лазаров, кој работи во “Асоцијација на специјализанти и млади лекари”, инаку доктор по општа медицина, преку фејсбук пост ја негираше информацијата дека лекот е донесен и достапен во аптеките, како што тврдеше Филипче.

“Лекот ГО НЕМА во аптеки, а ниту еден матичен лекар не е информиран ниту се дадени никакви препораки. Касниме месеци, а тоа ефектуира изгубени животи.” – стои во неговиот пост.

Инаку од Министерството за здравство велат дека лекот е достапен, тој помага во лекувањето на ковид-19 и од денеска се наоѓа во аптеките откако претходно ги помина сите фази на одобрување во Министерството за здравство (МЗ) и Агенцијата за лекови и медицински средства МАЛМЕД. Цената на лекот изнесува 299 денари, а може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или од специјалист.

„Овој лек може да се зема само со лекарски рецепт од матичен лекар или од лекар специјалист. Тој може да се употребува во домашно и болничко лекување и да се земе превентивно, исклучиво со лекарска препорака, доколку некое лице било во контакт со ковид-позитивен“, велат од Министертство за здравство.