14 коло во Првата фудбалска лига на Македонија започна без голови во првиот натпревар кој се одигра во Скопје.
На денешниот меч меѓу Скопје и Силекс, на стадионот во Автокоманда, немаше голови, туку само еден црвен картон за домашните фудбалери, на крајот од мечот.
Останатите 4 средби ќе се одиграат во недела. Актуелниот лидер, Струга Трим Лум нагости ќе игра со Работнички на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје.
Во меѓувреме, на стадионот во Тетово, Шкендија ја пречекува Академија Пандев.
Во Прилеп, Победа игра со Македонија Ѓорче Петров, а Брегалница во Струмица ќе игра со Тиквеш. Екипата на ФК Шкупи е слободна.
Сите натпревари од 14 коло стартуваат од 13,00 часот.
Прва лига – 14 коло
Скопје – Силекс 0-0
Работнички – Струга Трим Лум
Шкендија – Академија Пандев
Победа – Македонија Ѓ.П.
Брегалница – Тиквеш
Слободен ФК Шкупи