Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид, е прогласен за најкорисен кошаркар во најсилната лига на светот НБА. Ембид ја прекина доминацијата на Никола Јокиќ кој беше прогласуван за МВП во последните две сезони.

Играчот на Филаделфија доби 73 гласа, далеку повеќе од Никола Јокиќ кој доби 15, а на третото место беше Јанис Адетокумбо со 12 гласа.

Ембид во просек забележа 33 поени по натпревар, десет скока и четири асистенции.

Прикажи повеќе