Што претставува украинскиот „Ден на Хероите на Небесните Стотина“?

Револуцијата на Достоинството во Украина е масовен граѓански протест кој траеше 94 дена, од 21 ноември 2013 година до 22 февруари 2014 година. Тој беше предизвикан од острата промена на надворешнополитичкиот курс и развојниот вектор на Украина, а подоцна и од антиуставните постапки на властите. Центарот на настаните беше Мајданот на Независноста во Кијив и околните улици. Мирните акции започнаа под слогани за европска интеграција, а подоцна се претворија во долга кампања на граѓанска непокорност кон авторитарниот режим на тогашниот украински претседател Виктор Јанукович – против корупцијата и кршењето на човековите права.

Дејствијата на властите беа насочени кон насилно задушување на протестите, што доведе до ескалација на конфликтот и човечки жртви. Оние кои починаа за време на спротивставувањата во периодот од декември 2013 година – февруари 2014 година беа наречени Небесните Стотина.

Настаните од 20 февруари 2014 година станаа кулминација на Револуцијата на Достоинството, кога во центарот на главниот град на Украина почина најголемиот број украински граѓани. За невраќањето кон постсоветскиот модел на односи меѓу владата и општеството, отфрлањето на мултивекторизмот во надворешнополитичкиот курс, утврдувањето на развојот на Украина како демократска европска земја, е платена многу висока цена – човечки животи.

Смртта на Хероите на Небесните Стотина ја промени јавната свест на Украинците, актуелизирајќи ја важноста на таквите концепти како што се правото на самоопределување, достоинство, слобода, државен суверенитет, демократија, европски избор.

Тогаш граѓаните на Украина јасно изјавија дека се подготвени да ја бранат државната независност и демократските слободи. Револуцијата на Достоинството даде почеток на реформирањето на различни сфери од животот на земјата, самоорганизирање на граѓанското општество, развој на волонтерското движење, децентрализација, декомунизација, делумно обновување на украинската политичка елита.

Оваа година Украина по десетти пат ќе го одбележи споменот на Хероите на Небесните стотина. Десетти пат во услови на војна со русија. Во моментов имаме десетици илјади починати од руско оружје. Секоја година на 20 февруари се сеќаваме на оние кои први починаа за тоа Украина да не исчезне од светската мапа, за северниот сосед да не ја апсорбира(проголта). Имињата на Хероите на Небесните Стотина стојат на прво место во мартирологот (список на меченици) на оние кои починале во руско-украинската војна. Сепак, денес знаеме дека руското оружје за прв пат беше насочено против граѓаните на независна Украина не во февруари 2022 година, па дури ни пролетта 2014 година, туку во јануари и февруари 2014 година, кога во центарот на Кијив од прострелни рани и труење со гас починаа активистите на Мајдан.

Украинска амбасада во Северна Македонија