Екипата на Брегалница го објави своето најново засилување кое доаѓа од Грузија. Штипскиот прволигаш официјално потпиша договор со Лука Робакидзе, кој е офанзивен фудбалер од средниот ред.

23-годишниот Грузиец доаѓа од тимот на Шукура, а претходно беше дел од екипите на Самтредија од Грузија и Таборско од Чешка. Тој се приклучи на екипата уште пред неколку денови, но денес стави потпис на договорот со Брегалница.

Лука Робакидзе е деветто летно засилување за штипјани, откако претходно во клубот пристигнаа Панамецот Самал Дикенс, јамајканските репрезентативци Колин Андерсон и Роналдо Вебстер, Филип Стојчевски од Силекс, Костариканецот Фабрицио Венегас, како и повратниците во клубот, голманите Мартин Давков и Кире Новаков и десниот бек Ване Јованов.

Прикажи повеќе