Ракометната репрезентацијата на Шпанија е вториот полуфиналист на Светското првенство откако во одличен натпревар во четврт-финалето ја совладаа селекцијата на Германија со 26:21.

Најефикасна во победничкиот тим беше Кармен Коста со седум погодоци, а по три постигнаа Беренгер, Мартинез и Фрага.

Во тимот на Германија се истакна Јулија Маидхоф со шест гола. Шпанија во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Норвешка и Русија.