Веднаш по натпреварот помеѓу Реал и Партизан во Мадрид, по кој го добивме последниот учесник на завршниот турнир, Евролигата ги објави термините за одигрување на натпреварите во Каунас.

Првото полуфинале во Литванија ќе го играат Олимпијакос и Монако, на 19 мај во 17:00 часот. Истиот ден ќе се игра и второто полуфинале. Од  20:00 часот по средноевропско време се среќаваат Барселона и Реал Мадрид. Со оглед на шпанското полуфинале, најсилната лига во Европа, Ендеса лигата, има сигурен финалист.

Натпреварот за третото место се игра на 21 мај во 16:00 часот, а големото финале вна Евролигата е закажано за 19:00 часот. Титулата минатата сезона ја освои Анадолу Ефес, кој славеше против Реал Мадрид во финалето во Белград.

Прикажи повеќе