Екипата на Шкупи се подготвува за натпреварот против Шкендија, а на тренинзите на „гулабите“ од Чаир има пет нови млади имиња.

Со првиот тим работат Емрах Рамадани, Диедон Ибраими, Идриз Османовиќ, Муаз Салиху и Умерфарук Сулејман. Петмината млади играчи ќе работат со најдобрите играчи на Шкупи и ќе стекнат искуство со тренерот Арслан.

Шкупи е на прагот да биде детронизиран кога се работи за шампионската трка во Македонија, но чаирчани атакуваат на место во еврокуповите за да го продолжат контиунитетот и веројатно ќе играат во квалификациите за Конференциската лига./Gol.mk/

Прикажи повеќе