Фудбалерите на Шефилд Венсдеј во нестварен натпревар изборија пласман во финалето на плеј-офот во Лига 1. Шефилд Венсдеј, првиот полуфинален натпревар на гостувањето кај Питерборо го загубија со 4:0, но во епски пресврт, најголем во историјата на англискиот фудбал, го доби реваншот по продолженијата со 5:1. Потоа во пенал-серијата изборија финале против подобриот од дуелот меѓу Барнсли и Болтон.

Никој не му даде шанси на Шефилд на овој натпревар, но преполниот Хилсборо веруваше и домаќините по 25 минути Венсдеј имаа предност 2:0. Третиот гол домаќините го постигнаа во 71.минута, а лудница на трибините настана во осмата минута од судиското надополнување на времето Палмер го постигна четвртиот гол.

Во продолженијата авто гол си постигна Грегори во 105 минута, а седум минути подоцна Патерсон избори пенали. Пенал рулетот Шефилд Венсдеј го добија со 5:4, во втората серија Батлер не успеа да погоди.

Шефилд Венсдеј ќе има можност да се врати во Чемпионшип по две години играње во третата лига. Овој клуб четири пати беше шампион на Англија, а последен пат играше во Премиер лигата од 1992 до 1999 година./Makfax

Прикажи повеќе