Професор кој успеал да биде рекордни 100 дена под вода, тврди дека се подмладил за 20 години, и тоа е резултат на неговиот експеримент.

Минатата година професорот Џосеф Дитури од Универзитетот „Јужна Флорида“ направи истражување како човечкото тело реагира на долготраен престој во под вода под екстремен притисок.

За да дознае, мина под вода во базен, на 30 метри длабочина. Поранешниот нуркач имаше разни психосоцијални, психолошки и медицински тестови, како што се крвни анализи, ултразвук и електрокардиодиграм и тестови на матични ќелии за да се истражи посебната врста на лек која го надоместува кислородот во човечкото тело под висок притисок.

Додека ги проучувал тие бројки, Дитури исто така минувал време под вода проучувајќи ги училишните деца преку свој компјутер.

После враќањето на површина докторот тврдел дека дошло до 50% намалување на секој воспален маркер во неговото тело, според крвните анализи. Исто така ги подобрил и другите аспекти на неговиот живот кои се поврзани со долговечноста.