Кошаркарската екипа „Чаир 2030“ заедно со Струмица се нови членови на Суперлигата во Македонија. Чаирчани ја завршија сезоната во Втората лига со само два пораза, едниот во регуларниот дел, а другиот во ‘плеј офот’. Тренерот Рамадани смета дека постигнатите резултати се повеќе од заслужени.

„Со целосна заслуга мислам дека сме првата албанска екипа што се пласираше во Суперлигата. Мислам дека во Супер лигата ќе продолжиме со исто темпо. Нема да бидеме преоден тим, туку таму ќе останеме долго време“, рече Рамадани.

Рамадани е изненаден од Струмица со која ќе се бори за шампионската титула во Втората лига.

„Струмичкиот тим оваа година беше изненадување. Од седмо место успеаја да се пласираат во финалето, односно во Суперлигата. Со Струмица одигравме два меча и победивме со 40 поени разлика. Бевме убедливо подобри, но сепак финалето си го прави своето. Се надеваме дека на крајот ќе победиме и на тој натпревар“, додава Рамадани.

Средбата помеѓу Струмица и Чаир 2030 ќе се игра задутре во салата „Кале“ од 18 часот.

Махир Тачи

Прикажи повеќе