Фудбалерите на Шкендија важат за апсолутен фаворит во пресметката од 25. коло на ПМФЛ против Победа. По репрезентативната пауза, во Тетово доаѓа „фенерџијата“ во првенството, а натпреварот со прилепчани го најави Адриан Цуцули.

Advertisements

„По период добри натпревари и победи дојде репрезентативен предизвик, а добриот момент е дека заздравија играчите со мали повреди. Се подготвувавме максимално, се надевам ќе ги покажеме своите можности. Имаме тешки натпревари и ќе одиме чекор по чекор по победи.

Мора да уфрлиме во брзина повеќе во финишот на шампионатот. Веројатно ги искористивме добро изминатите десетина дена. Верувам дека против Победа можеме да започнеме добра серија. Победата не би требало да биде под знак прашалник, но секогаш мора да сме будни. Само со давање на максимумот може да дојдеме до трите бода. Ја очекуваме публиката да ни биде голема поддршка и наш дванаесетти играч“, изјави Цуцули.

Шкендија во моментов е третопласирана, со пет бода помалку од Струга Трим Љум и еден од Шкупи. Натпреварот со Победа е закажан за денес со останатите дуели во ПМФЛ во терминот од 15:00 часот./Gol/mk/

Прикажи повеќе