За време на зимата и празниците, телото наталожува непотребни материи, а еден од најдобрите начини за да го ревитализирате и освежите вашиот организам е оваа зимска лимонада. Со помош на лимон и јаглен, телото ќе се прочисти од маснотиите и токсините.

Потребни состојки:

  • 1 литар филтрирана или изворска вода
  • 60 милилитри свежо исцеден лимон
  • 1/4 лажичка активен јаглен (една таблета)

Начин на подготовка:

Измешајте ги сите состојки и ако имате желба за посилен вкус, додајте повеќе лимон. Пијалакот се служи ладен.

Зошто црната лимонада е совршена за вас?

Главната состојка е токму онаа поради која оваа лимонада се нарекува чудотворна. Станува збор за активниот јаглен што нема вкус, но многу е здрав, бидејќи има способност да ги исфрли сите штетни состојки од телото, на тој начин намалувајќи ја подуеноста. Исто така експертите го нагласуваат и фактот што активниот јаглен има неверојатна моќ при намалувањето на холестеролот. Тој исто така е одличен и за подмладување на кожата.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.