Хуманитарната помош за Газа вратена на Кипар по убиството на седуммината работници на WCK

По смртта на седуммината работници на Светската централна кујна (WCK) за време на израелски воздушен напад во понеделникот вечерта, бродскиот конвој со 240 тони неиспорачана хуманитарна помош за цивилите во Појасот Газа е вратен на Кипар, јавува МИА.

Британските медиуми јавуваат дека неиспорачаната помош беше дел од пратката од околу 340 тони хуманитарна помош испратена во Газа од Кипар на 30 март.

Хуманитарните работници беа убиени во Газа за време на израелски напад токму кога завршија со истоварот на околу 100 тони помош од шлепер што, исто така, беше испратен од Кипар.

WCK беше активна во Газа од октомври, но по убиствата на персоналот беше одлучено да се прекинат сите натамошни активности и да се вратат бродовите со хуманитарна помош на Кипар.

Израелскиот генерал Халеви се извини за убиствата на седумте хуманитарци во Газа, било грешка по погрешна идентификација