Хрватските судии денеска стапија во „бел штрајк“ барајќи зголемување на платите за околу 1.300 евра.

Министерството неодамна најави зголемување на платите на судиите и обвинителите, пред се општинските, кои во просек се платени по 1.670 евра нето.

Платите требало да им се зголемат за повеќе од 300 евра, но Здружението на хрватски судии тоа го одбило и барало зголемување за 1.300 евра.

Здружението минатата недела најави „бел штрајк“ кој го нарекуваат „предупредувачки мерки поради недостиг на дијалог со извршната власт за зголемување на платите“, а очекува да се вклучат две третини од првостепените судии.

Мерките за предупредување, според соопштението, ќе траат две недели, до 19 мај, при што ќе се одложат сите дејствија во првостепена постапка, освен итни во кои може да настане непоправлива штета, додека во второстепена постапка ќе се одржуваат седници на советот, но без одлуки.

Прикажи повеќе