Извештајот на World Population Review за 2022 година за просечната висина во земјите ширум светот покажува дека Холанѓаните остануваат највисоката нација во светот со просечна висина во земјата за мажи од 183,78 см и 170,36 см за жени, додека пак веднаш зад нив, односно на второ место се и Црногорците каде просечната висина на мажите е 183,30 см, а на жените 169,96 см.

Според извештајот, Македонците пак се на 52 место, а просечната висина е 176.43 за мажи и 160.88 сантиметри за жени.

Граѓаните на Србија се петти во светот кога е во прашање висината. Исто така, Хрватите се на седмото место во светот по просечна висина.