Скопје, 2 април 2024 – Во чест на Светскиот ден на литературата за деца, „Халкбанк“, во соработка со Меѓународниот фестивал за деца „Литера“, ги посети дечињата во градинката „Пролет“ носејќи им ја магијата на приказните.

Слончето Халки, како симбол на детското штедење, е дел од голем број општествено одговорни проекти на „Халкбанк“. Преку различни настани, работилници и програми, децата учат важни теми како што се здрава животна средина, прифаќање и креативно изразување. Халки е омилен другар на малите, но и на големите деца, поддржувајќи ги во нивните авантури и во развивање на талентите.