Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ги одреди судиите за финалето од Купот на Македонија и за баражот меѓу екипите на Вардар и Скопје за последното место во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).

Финалето на тренинг-комплексот на ФФМ ќе го суди Игор Стојчевски од Скопје. Прв помошник е Даниел Василевски, втор помошник е Бранко Путилин, додека четврти судија е Крумислав Ѓорѓиев. Делегат е Игор Франговски, а контролор е Благој Шуклев.

Во баражот меѓу Вардар и Скопје на Градскиот стадион во Кавадарци, на центарот ќе биде Александар Ставрев. Прв помошник е Дејан Костадинов, втор е Слаѓан Маркоски, четврти судија е Марјан Младеновски. Делегат е Славчо Ѓорѓијоски, додека Ванчо Коцев ќе биде контролор.

Баражот се игра на 21 мај од 17:00 часот, додека финалето од Купот е ден претходно, на 20 мај исто од 17:00 часот./Gol.mk/

Прикажи повеќе