Во просториите на Фудбалската федерација на Македонија се одржа состанок со претставниците од клубовите на Прва ЖФЛ.

Тема на разговор беше предлог календарот и предлог промени во пропозициите за женскиот фудбал за претстојната сезона 2023 / 2024.

На состанокот присуствуваа и претставници на службите при Фудбалската федерација на Македонија од одделението за лиценцирање кои информираа дека во подготовка е правилник за лиценцнирање на клубови за домашното првенство. Претставниците на  маркетинг и комуникации презентираа нова маркетинг стратегија во насока на развој, промоција и видливост на Првата ЖФЛ.

Прикажи повеќе