Фудбалската репрезентација на Македонија за првпат во ќе игра во бараж за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во 2022 година во Катар и веќе ги доби потенцијалните ривали.

Нашиот национален тим ќе биде меѓу неносителите, заедно со Турција, Полска и Украина како и второпласираните во групите  плус  Австрија и Чешка кои доаѓаат од Лигата на Нации.

Потенцијалните ривали на Македонија од носителите се два европски шампиони, тоа се Португалија и Италија,потоа Русија,Шведска,Шкотска и Велс.

Ждрепката ќе се одржи на 26 ноември, а дванаесет селекции ќе се поделат во три групи по четири, во кои ќе се играат две полуфиналиња и победниците одат во финале за СП 2022.

Македонија како неносител ќе биде гостин во полуфиналето. Полуфиналињата се играат на 24/25 март, додека финалињата се на 28/29 март.