Македонскиот голман Столе Димитриевски пред почетокот на натпреварот со Германија доби дрес со бројот 50.

Ова значи дека македонскиот голман, кој настапува и за Рајо Валекано по педесети пат ќе го брани голот на македонската репрезентација.

Езѓан Алиоски и Кире Ристевски вчера исто така стигнаа до бројката од 50 натпревари во дресот на македонската фудбалска репрезентација, а притоа добија дрес со бројката 50.