Пресечен меѓународен канал на транспорт на дрога од Албанија кон Грција во вредност од околу 200.000 евра, лишени од слобода 6 лица.

На 12.10.2021 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ Југ и Единицата за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции, во полициска акција, беа лишени од слобода 6 лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра.

Имено, на 12.10.2021 во попладевните часови од страна на полициските службеници во непосредна близина на Граничен премин Богородица, при обид нелегално да пренесат две  торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле лишени од слобода Л.М.(44) и  А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата беа обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца државјани на Република Северна Македонија.