Претседателот Стево Пендаровски со неговата сопруга беше за Велигден кај семејство од струшко Враништа. Тој при посетата порача:
Благодарност до семејството Илоски од струшко Враништа за нивното топло добредојде. Ни беше чест што не примија во својот дом на овој голем ден. Со домаќинот Петре и неговите најблиски наздравивме за нивно здравје и благосостојба.
За многу години денот! Мир и спокој за секого!