Кошаркарите на Феникс Cанс го совладаа Сан Антонио Cпарс со 114:95 и станаа четвртиот тим од Западната конференција кој обезбеди пласман во плеј-офот од НБА лигата. Девин Букер постигна 27 поени, а го следеа и останатите ѕвезди од квартетот, Крис Пол со 22, Деандре Ајтон 19 и Кевин Дурент 18 поени. На три меча до крајот на регуларниот дел од сезоната, „сонцата“ имаат ефект од 44 победи и 35 порази.

Advertisements

Џоел Ембид беше маестрален и ја предводеше Филаделфија до триумф од 103:101 против победи Бостон Cелтикс. Тој постигна 52 поени и имаше 13 скока, а Ембид уште еднаш се наметна како главен фаворит за освојување на МВП признанието.

Никола Јокиќ одигра само 24 минути за Денвер кој доживеа пораз од најслабиот тим на Западот, Хјустон рокетс со 124:103. И покрај намалената минутажа, Јокиќ успеа да оствари дабл-дабл од 14 поени и 10 скокови.

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја совладаа Јута џез со 135:133 по продолжение. Леброн Џејмс се врати во ритам по повредата и постигна 37 поени.

Резултати НБА

Шарлот – Торонто 100:120

Детроит – Мајами 105:118

Орландо – Кливленд 113:117

Вашингтон – Милвоки 128:140

Бруклин – Минесота 102:107

Чикаго – Атланта 105:123

Хјустон – Денвер 124:103

Мемфис – Портланд 119:109

Њу Орлеанс – Сакраменто 103:121

Филаделфија – Бостон 103:101

Јута – ЛА Лејкерс 133:135

Голден Стејт – Оклахома 136:125

Феникс – Сан Антонио 115:94.