Ракометната репрезентација на Фарските Острови се наоѓа пред сензационален пласман на Европското првенство, кое на почетокот на 2024 година (10 до 28 јануари) ќе се одржи во Германија. Фраските Острови, во претпоследното коло ја победија Украина со 33:26.

До победата со 13 голови ги предводеше најталентираните играчи на денешницата, 20 годишниот Еилас Елефсен, кој од наредната сезона ќе го носи дресот на германскиот великан Кил. Фаpските Острови се автономна покраина на кралството Данска. Овој остров има 50.000 жители. Досега во ниту еден спорт не избориле пласман на големо натпреварување.

Во пресрет на последното коло само чудо може да ги спречи да не изборат место на Евро 2024. Во моментот на табелата на најдобрите третопласирани репрезентации во конкуренција на осум селекции тие се наоѓаат на осмото место. За да останат без пласман во последното коло треба да ги скокнат две селекции, што е речиси невозможно.

За да останат без третото место во својата група. Во случај да загубат од Австрија, Украина ќе треба да ја совлада Романија со најмалку седум гола разлика, што како и во првиот случај делува невозможно.

Прикажи повеќе