Тешки борби се водат на неколку линии на фронтот во Украина и се чини дека контраофанзивата на Киев се засилува во јужниот регион Запорожје по неколку месеци бавен напредок, соопштија воените власти.

„Украинските војници водеа повеќе од 30 блиски битки во изминатите 24 часа, успевајќи да го блокираат обидот на руските сили да напредуваат во областа Лиман во источниот регион Доњецк, каде Москва распореди дополнителни трупи во последните недели“, соопшти главниот штаб на украинските вооружени сили на 28 јули.

Украинските сили одбија неколку руски напади во областите Бахмут и Авдијивка во Доњецк, соопшти армијата, додека офанзивните операции продолжија во областите Мелитопол и Бердјанск во Запорожје, јавува Радио Слободна Европа на англиски јазик.

Прикажи повеќе