Украинските сили извршија успешни напади во текот на ноќта врз аеродроми и опрема во близина на градовите Луганск и Бердјанск на територијата контролирана од руските сили, соопшти украинската војска.

„Вооружените сили на Украина извршија добро насочени напади врз непријателски аеродроми и хеликоптери во близина на привремено окупираните Луганск и Бердјанск“, соопшти Одделот за комуникации на украинската војска.

Владимир Рогов, руски официјален претставник во деловите под контрола на Москва во областа Запорожје во југоисточна Украина, рече дека нападите врз Бердјанск не биле успешни.

„Според прелиминарните информации, нашиот систем за противвоздушна одбрана успешно пресретнал непријателски ракети“, рече Рогов.

Информации за жртви и можни штети сѐ уште нема.

Прикажи повеќе