Украина постигна прелиминарен договор со Русија за воспоставување на безбеден, хуманитарен коридор за евакуација на околу 6 000 жени, деца и постари лица од опколениот град Мариупол, изјави украинската вицепремиерка Ирина Верешчук, а пренесе Би-би-си.

Advertisements

„Со оглед на катастрофалната хуманитарна ситуација во Мариупол, овде ќе ги фокусираме нашите напори денеска“, напиша Ирина Верешчук во објава на Фејсбук.

Во меѓувреме, заменик-градоначалникот на Мариупол, Сергеј Орлов, соопшти дека во градот сè уште има околу 130 000 луѓе, а додаде дека градот е под блокада повеќе од педесет дена и оти таму нема струја, вода, храна ниту лекови.

„Луѓето живеат во услови на постојано бомбардирање и воздушни напади. Има недостиг од сè, има недостиг од живот“, рече тој и додаде дека на бранителите на градот им е сè потешко и оти се опколени.

Прикажи повеќе