Енис Барди завчера на навивачите на Трабзон им се обрати преку социјалните мрежи посочувајќи дека напорно ќе работи трофеите во следниот период повторно да дојдат на црноморското крајбрежје, што е изненадување со оглед дека уште од зимоска турските медиуми безмалку секојдневно го најавуваа неговото заминување.

Веќе се појавија низа информации дека Жирона и Торино покажале интерес за Барди, како и ЛА Галакси, но во клубот немало никаква пристигната понуда. Сега првпат турски медиуми посочуваат дека официјална понуда е пристигната од преку Атлантикот, но без детали ни за кој клуб станува збор, ниту дали таа е близу до тоа што го бараат Турците.

Дури и сумата што ја бара Трабзон сега е зголемена, па ако до пред месец дена се пишуваше дека се расположени да го продадат за три милиони евра, па и нешто помалку од тоа, сега наводно без 4,5 милиони евра воопшто не ни преговарале.

Барди ланското лето дојде во Трабзон по пет години во шпанската Ла Лига откако Леванте испадна во второлигашката конкуренција./Sport1.mk/

Прикажи повеќе