Шпанскиот прволигаш Валенсија е заинтересиран да го врати македонскиот репрезентативец Енис Барди во Ла Лига. Тој во минатото беше член на градскиот ривал Леванте, но сега би можел да пристигне на „Месталја“.

Според турските медиуми, Валенсија испратила официјална понуда до Трабзонспор да го добие Барди на позајмица за претстојната сезона. Турскиот клуб многу повеќе би сакал комплетно да го продаде Барди, но, сепак, не се отфрла можноста двата клуба да постигнат договор и за позајмица.

Енис Барди има договор со Трабзонспор до јуни 2025 година, а за него постои интерес и од Џирона и од Осасуна.

Прикажи повеќе