Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја одби поканата на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ја посети Украина за да го види обемот на руските напади, додавајќи дека го почитува Зеленски, но дека таквата посета во овој момент би била „несоодветна“, пренесува „Њусвик“.

-Имам најголема почит кон претседателот Зеленски, но мислам дека би било несоодветно да одам во Украина во овој момент“, рече Трамп.

Според Трамп, администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден „во моменов има работа“ со Зеленски и затоа тој не би сакал „да создаде конфликт на интереси“.

Зеленски го покани Трамп да ја посети Украина, откако поранешниот американски претседател рече дека може да ја прекине руската војна против Украина во рок од 24 часа ако победи на изборите следната година.

Прикажи повеќе