Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека денеска ќе се појави пред суд на почетокот на судењето за граѓанска измама во кое ќе се соочи со, како што тврди, „лажно обвинение“ дека со измама ја преценил вредноста на недвижниот имот и друг свој имот.

-Одам на суд наутро да се борам за моето име и углед, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“.

Судијата од државата Њујорк, Артур Енгорон, минатата недела пресуди дека Трамп и неговата семејна фирма со измама ја кренале вредноста на неговиот недвижен имот и други средства за да ги унапредат неговите деловни потреби, што Трамп и неговите соработници го негираа.

Според Трамп вредноста на имотот муѕ била проценета на 18 милиони долари, а всушност, како што тврди тој, вреди 50 до 100 пати повеќе.

Прикажи повеќе