Интер по 13 години ќе игра во финале на Лигата на шампионите, а еден податок од традицијата најавува дека Нераѕурите ќе го кренат пехарот во Истанбул.
Имено, Интер е третиот тим кој успеал да го исфрли Милан во оваа фаза од турнирот. Претходно во полуфиналето тоа им успеало на Реал Мадрид во 1956 година и на Барселона во 2006 година, па двете екипи станале европски шампиони.
Токму во финалето во 2010 година кое беше последно за Интер, калчолигашот беше шампион на Европа со победа над Баерн Минхен. „Сино-црните“ имаат три европски трофеи, а покрај последниот другите се во 1964 и 1965 година.