Детето (1) кое само една недела било во градинката починало во петокот, а се сомневаат дека се предозирало со дрога, јави Би-Би-Си. Уште три деца се хоспитализирани откако биле изложени на моќниот наркотик во дневен престој во Бронкс.

Две лица се обвинети за убиство и заговор за дистрибуција на дрога, а полицијата претпоставува дека децата на возраст од осум месеци до две години вдишувале фентанил во градинката.

За време на претресот во дневната градинка, еден килограм фентанил бил пронајден „под душекот каде што претходно спиеле децата“, изјавил главниот детектив на Њујоршката полиција, Џозеф Кени.

Од полицијата велат дека дрогата пронајдена во градинката можела да убие 500.000 луѓе. Инаку, фентанилот е синтетички лек против болки и е 50 пати посилен од хероинот.

Прикажи повеќе